Французите стигнаа до победата во исклучително тежок натпревар со погодок кој го постигнаа во судиското продолжение па по две недели во Милано ќе водат нова битка за пласман во следната фаза.
Првиот дел помина во претежно претпазлива игра од двете страни, домаќините ја имаа иницијативата додека тимот на Интер претежно се обидуваше преку контра напади да стигне до противничкиот гол.
Во вториот дел се продолжи со тактичката војна на средината од теренот но како изминуваше времето така се нижеа шансите пред двајцата голмани.
Силиот удар во продолжението на натпреварот на Ају беше блокоран од страна на Цезар по што следуваше корнер кој го изведе Валбуена, Ају ја упати топката во мрежата на Цезар.

