SportDenes

Баварците поразени ја напуштија Швајцарија

Оценка
(0 гласови)
Тимот на Базел успеа да слави на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн Минхен со 1-0.
После сензационалните настапи во фазата по групи каде што Швајцарците го елиминираа тимот на Манчестер Јунајтед, сега добрите игри ги продолжуваат и во осминафиналето.

Во текот на првото полувреме двата тима играа многу активно, но домаќините беа поблиску до погодок, два пати ја затресоа гредата на Мануел Ноер.

Во текот на второто полувреме Германците го засилија темпото и се обидоа уште во првиот меч да дојдат до позитивен резултат кој ќе им гарантираше мирен реванш.

Баерн доминираше но не знаеше како да дојде до голот, од друга страна домаќините беа поефективни и со погодокот на Штокер во 86. минута дојдоа до победа на овој натпревар.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes