Мурињо верува дека Белите ќе го победат противникот на реваншот кој треба да се игра на Бернабе и со тоа ќе продолжат во понатамошната фаза на најкомерцијалниот турнир во Европа.
„Да, разочаран сум но и ова е добар резултат. Двата тима иамат шанси да продолжат понатаму но мислам дека мојот тим е далеку подобар и ќе победи на реваншот кој го играме на нашиот стадион“.
„Натпреварот беше доста комплициран. Не искористивме 2-3 убави прилики, доколку успеевме да постигнеме еден погодок повеќе уште во Москва ќе ја завршевме работата“, изјави Мурињо по крајот на дуелот со ЦСКА.

