SportDenes

Наполи уверлив против Челси

Оценка
(0 гласови)
Италијанскиот Наполи го совлада Челси со 3-1 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Домаќините од Неапол први примија погодок, но покрај тоа успеаа со комплетен пресврт да стигнат до резултат кој им дава реални шанси за пласман во наредната фаза.

Хуан Мата ги донесе лондончани во предност во 27. минута, но Езекиел Лавеци изедначи во 38. минута. Во втората минута од дополнителното време на првиот дел Кавани донесе предност за Наполи од 2-1.

Во вториот дел тимот на Валтер Мацари продолжи со уверливата игра а Лавеци во 65. минута го постави конечниот резултат од 3-1 по што ја напушти играта а на негово место влезе нашиот Пандев.

Ова е уште еден непријатен резутлат за Челси во последно време а Андре Виљаш Боаш седи на доста разнишана столица и неговата иднина во Челси е неизвесна.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes