SportDenes

Реал пропушти победа во последната секунда

Оценка
(0 гласови)
Тимот на Реал Мадрид пропушти победа на Лужниќи играјќи нерешени 1-1 против ЦСКА Москва во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Шпанците буквално во последната секунда од натпреварот примија погодок со кој Московјаните ќе патуваат во Мадрид со активен резултат од 1-1.

Реал играше доста концентрирано во текот на сите 90 минути, кралевите го контролираа текот на натпреварот и рутинирано го донесоа до самиот финиш, но тогаш дозволија изненадување.

Се започна добро за тимот на Мурињо, неколкуте прилики од стартот на средбата беа крунисани со погодок на Роналдо во 28 минута од средбата по што Реал тактички супериорно го продолжи натпреварот.

Сепак во 93. минута, кога сите очекуваа крај на натпреварот Варнблум беше најприсебен при центаршутот на Березуцки и успеа да го совлада Касиљас за конечните 1-1.

Вкупниот победник од овој двомеч ќе биде познат по реваншот на 13. Март кој ќе се одигра во Шпанската престолнина.
BetAdria.com


Препорачани од пријателите


Фејсбук


Интернационалци

ЕП 2012 Фудбал

ЕП Ракомет (мажи)

ЕП Ракомет (жени)

Sport Denes