Италијаните немаат изгубено на Сан Паоло од кога се вратија на европските патеки во 2008 година, после 13 години отсутство.
Последен пат кога Наполи бил поразен на свој терен датира од 1994 година од Ајнтрахт Франкфурт. Но во домашното првенство не се баш во добра форма.
Челси веќе деветта сезона последователно се пласира во осмина финалето на ЛШ, тие имат лоши резултати против италјанските клубови од каде се имаат вратено со само една победа од седум посети. Последен пат во Иалија беа поразени од Лацио во 2004 година.
Челси има 53 обиди за шут во голот, но нивниот напаѓач Фернадо Торес има постигнато само два погодоци во ЛШ.
Тренерите и на двете екипи немат сериозни проблеми со повредени играчи. Боаш се уште не знае дали може да смета на Тери и Кол, но најверојатно нема да играат.
М.Д

